Воспитување

Интуицијата кај децата е непогрешлива!

Детската интуиција е исклучително изразена, па кога ќе почувствуваат недоверба кон некого, се утврдува дека ниту таа личност не верува многу во себе.
Не можете да ги измамите малечките деца. Тие точно знаат со кого сакаат да се дружат, на кого да му се насмевнат, а кого да го избегнуваат. Нивната интуиција е исклучително изразена, а тоа го покажа и истражувањето на кинески научници од повеќе универзитети кои собрале неколку стотици возрасни и деца и им дале задача да ги оценат личностите врз база на нивните фотографии.

Во првиот тест го оценувале нивото на доверба што го чувствуваат кон таа личност, а во вториот нивото на нивната атрактивност. Се установило дека и децата и возрасните покажале слична процена. Малите и големите испитаници како попривлечни ги оцениле насмеаните лица, кои изгледале задоволно и самоуверено. Нив ги доживувале како подобри, поквалитетни и поуспешни личности, посакувајќи да бидат во нивна, а не во близина на збунети и лица без насмевка.

Поврзани написи

To top