Игротека

Интернационален натпревар во брзо решавање Рубикова коцка

На 17 ноември 2018 година Македонската кјубинг асоцијација (МКА) ќе организира интернационален натпревар во брзо решавање Рубикова коцка (speedcubing), кое е делегирано од страна на World Cube Association (WCA). Натпреварот ќе се одржи на Шумарскиот факултет при УКИМ – Скопје.

„Speedcubing“ подразбира брзо решавање на Рубиковата коцка, но и други форми и варијации на Рубиковата коцка. Главниот организатор на вакви натпревари е World Cube Association (WCA), која одржува над 1.000 натпревари годишно низ целиот свет. На 17 ноември 2018 на натпреварот во Македонија доаѓа еден од основачите на WCA и бивш светски рекордер – Рон Ван Брухем од Холандија.

На натпреварот се пријавени 80 учесници од 10 држави, од кои повеќе од половина се од Македонија. Ова е одличен податок за нас бидејќи покажува дека ние како асоцијација многу брзо успеавме да остварими една од нашите главни цели – да го зголемиме интересот за решавање на Рубиковата коцка кај нашата млада популација. Учесниците ќе се натпреваруваат во 7 категории: 3x3x3 (Рубикова коцка), 2х2×2, 4х4х4, 5x5x5, 3x3x3 со една рака, Skewb и Pyraminx.

Натпреварот ќе трае од 9 до 18 часот, а финалето во Рубикова коцка би требало да се одвива од 17 до 18 часот.
Влезот е слободен за сите посетители.

Моменталниот македонски рекорд во местење Рубикова коцка е 10.23 постигнат од Александар Дуклески. Целосна листа на македонските рекорди може да најдете овде.

Поврзани написи

To top