Никој не знае како да измисли оригинални работи како децата! Но, премногу често чекаме да нѐ изненадат, наместо самите да ги охрабруваме да го направат тоа. Овие прашања би можеле да бидат вистинското освежување.
Децата можат да ги кажат најглупавите, најмудрите, најчудните и најсмешните работи. Најчесто тоа се случува така што наеднаш случајно, неочекувано, „фатите“ изјава на вашето дете како одговор или реакција на нешто кажано од некој негов близок. Понекогаш тоа е сосема неочекуван одговор на вашето многу често прашање.
Зошто да не му поставите на детето однапред смислени прашања, чии одговори едноставно не можат да бидат здодевни? Да, се разбира, не е лесно да се смислат такви прашања, а освен тоа, често едноставно немаме време, па кога ќе најдеме време, си играме со нив, читаме нешто, се гушкаме.
Но, разговорот може да биде многу квалитетно поминато време и нешто во што ќе уживаат и двете страни. И може да се практикува секаде, дури и додека возите, на пример, кога е најтешко да смислите активности за најмалите на задното седиште.
Со мало охрабрување и мудро осмислени прашања, кој знае какви резултати може да добиете. На сите им е доста од тие здодевни прашања за училиште, учење, играње, градинка, тетки… Време е да ги зачините работите.
- Што мислиш, што ќе прават мама и тато кога ќе пораснеш и ќе се преселиш од дома?
- Што би рекле кучињата кога би можеле да зборуваат?
- Што сакаш да правиш кога ќе пораснеш?
- Што би направил ако видиш некој како малтретира друго дете на училиште?
- Која е најважната работа што ја научи на училиште оваа недела?
- Што мислиш, зошто диносаурусите изумреле, а другите животни преживеале?
- Кој е квалитетот на кој најмногу му се восхитуваш кај другите луѓе?
- Кога луѓето би можеле да ја видат твојата внатрешност, што би виделе?
- Ако напишеш книга во која ти си главниот лик, како би се опишал себеси?
- Што мислиш, што мисли и прави нашиот миленик цел ден кога не сме дома?
- Што е пријател?
- Што те загрижува во светот?
- Која работа би сакал твоите родители да престанат да ја прават?
- Што мислиш, што сака да биде мама кога ќе порасне?
- Што би направил ако можеш да владееш со светот?
- Што гледаш кога ќе се погледнеш во огледало?
- Кога децата би владееле со светот, што би било поинаку?
- Дали мислиш дека ќе сакаш да имаш деца кога ќе пораснеш?
- Која е најтешката работа во тоа да се има мало бебе како брат или сестра?
- Што мислиш, во што ќе бидеш многу добар кога ќе бидеш постар?
- Кога би имал способност да разговараш со животни, со кое прво би сакале да разговараш и што би го прашал?
Извор
912