Одржувањето на детскиот плакар е вистински предизвик. Мајките понекогаш трошат многу време барајќи ги деловите од облеката на децата кои одговараат едни со други, но тоа не мора да биде така.
Една мајка открива интересен трик за тоа како ги дипли детските пижами, со што секогаш го има и горниот и долниот дел. Таа се снимила како ги дипли и потоа видеото го поставила на „Тик-ток“.
Нејзината идеја за организирање на детскиот плакар има над 4 милиони прегледи, а на својот профил нуди и други идеи за поуреден дом.