Една мајка решила да ги казни своите три сина затоа што доцнеле на училиште. Но, наместо да ги испрати Алекс, Питер и Адам во нивните соби, да им го ограничи пристапот до интернет и други ситници, таа смислила одличен начин тие да ја „откупат“ својата казна. Им го напишала следново:
-За да ја откупите казната, треба да заработите 500 поени:
Напишете убаво писмо до член на семејството = 10 поени.
Напишете убаво писмо до вашиот сосед = 10 поени.
Помогнете му на вашиот брат со домашната задача = 20 поени.
Згответе вечера = 50 поени.
1 перење алишта (плус пеглање) = 100 поени.
Чистење и средување на кујнскиот шкаф = 50 поени.
Миење садови = 25 поени.
Чистење и бришење на масата = 25 поени.
Чистење и бришење на кујнските плочки = 25 поени.
Чистење кујнски столчиња = 25 поени.
Чистење на микробрановата печка = 40 поени.
Вадење на ѓубрето = 10 поени.
Чистење на мијалникот во бањата = 10 поени.

Чистење на тоалетот = 50 поени.
Наводнување на цвеќињата = 25 поени.
Чистење на тепихот со правосмукалка во дневната соба = 30 поени.
Бришење прашина во дневната соба = 50 поени.
Бришење на прозорците во кујната и во дневната соба = 50 поени.
Бришење на подот во кујната = 25 поени.
„Се покажа многу подобро отколку што очекував. Мојот најстар син веднаш ги презеде задачите и заработуваше по 500 поени дневно. Другите двајца напорно работат на ова прашање и се многу блиски. Синоќа јадевме прекрасна вечера која тие ја подготвија“, рекла мајката.