Воспитување

Инспиративна приказна: Ја нарекувале „ѓаволско дете“, а по посвојувањето станала позната балерина

Михаела де Принс (27) е светски позната балерина која настапувала во Бостонскиот балет и се појавувала во спотови на Бијонсе и на Мадона. Таа станала позната благодарение на сопствените напори и љубезната поддршка од нејзините посвоители, кои секогаш имале огромна доверба во неа. Животот на Михаела е неверојатна и инспиративна приказна за животното патување и патот до успехот.

Нејзиниот живот пред посвојувањето бил далеку од среќен. Таа е родена во Сиера Леоне во 1995 година. Нејзините родители ја нарекле Мабити, но откако и двајцата починале, вујко ѝ ја испратил во сиропиталиште каде што станала само „бројка“. „Ни дадоа имиња од 1 до 27. Бројот 1 беше омиленото дете во сиропиталиштето, а 27 беше најмалку омиленото“ – се присетила таа.

Михаела била број 27 бидејќи има витилиго – состојба поради која кожата губи боја на различни делови од телото, во форма на бели дамки. Бидејќи била поинаква, во сиропиталиштето ја нарекувале „ѓаволско дете“. Девојчето нашло утеха во својата најблиска пријателка, која исто така се викала Мабинти и која била број 26 во сиропиталиштето. И двете сакале да пеат, да глумат и да си раскажуваат приказни за тоа какви би биле нивните животи ако ги посвојат.

За само еден момент животот ѝ се претворил во бајка.

Во меѓувреме Елејн де Принс, која живеела во Њу Џерси, сонувала да посвои дете од Африка. Планирала да ја посвои пријателката на Михаела, Мабинти, но пред да отиде таму, дошло до судбоносна мешаница. „Ми се јавија од агенцијата за посвојување и ме прашаа која Мабини ја посвојуваме бидејќи имаат две со тоа име“ – рекла Елејн. А потоа дознала дека другата Мабинти била одбиена од 12 семејства поради нејзината кожна болест. По ова откритие, таа не се двоумела и донела одлука да ги посвои двете девојчиња.

Жената веројатно никогаш нема да ја заборави првата средба со Михаела бидејќи била многу скептична во врска со посвојувањето. „Таа стоеше таму со скрстени раце, многу лута. Само мислеше дека тоа ќе биде уште едно одбивање“ – рекла Елејн.

Посвоителите на Михаела станале нејзини херои

Потоа, додека била во сиропиталиштето, девојката била многу фасцинирана од сликата на балерината која ја пронашла во весникот. Таа почнала да сонува да стане професионален танчар и го негувала тој сон во текот на нејзиното рано детство. Кога пристигнала во својот дом за посвоители, ѝ ја покажала фотографијата на мајката Елејн и ѝ кажала дека сонува да има чевли како вистинска балерина.

Мајката била трогната и восхитена и ѝ ветила дека еден ден ќе танцува.

Животот на Михаела во САД започнал, и тоа бил нов, позитивен пресврт, но на почетокот сè уште имала страв од отфрлање, па спиела со запалено светло. Љубовта и грижата на нејзините родители ѝ го излекувале срцето и набрзо почнала да живее во мир и да го следи својот голем сон. Почнала вредно да работи за да го оствари својот сон, а тоа ѝ донело голема награда. Наоѓајќи го својот пат, Михаела почнала да успева на часовите по танц и решила да стане професионална балерина.

Таа била многу загрижена за витилигото.

Пред првиот настап ја замолила мајка си да ѝ каже дали може да ги види трагите на нејзиното тело од местото каде што седела во публиката. „Ѝ кажав дека навистина не можат да се видат, дека изгледаат како магичен прав – на што девојката одговори дека може да биде професионална балерина“, рекла мајката.

На 17-годишна возраст таа станала најмладата балерина што настапила во Танцовиот театар во Харлем во Њујорк. Подоцна била ангажирана во Холандскиот национален балет, а денес Амстердам го нарекува свој вистински дом. Таа го прифаќа тоа како остварување на сонот, но и успех кој го заслужила. „Тоа не е бајка. Мора да работите напорно. Има многу загуби, многу болки. Но, јас го сакам тоа, сакам да настапувам“ – изјавила таа.

Михаела сака нејзината приказна да биде голема мотивација за сите. Таа има свој пример, една од првите црни американски балерини по име Лорен Андерсон.

Напишала и автобиографска книга за својата животна приказна, а сега Мадона изразила желба да режира филм за неа и признала дека била шокирана кога дознала за патот на балерината.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top