Воспитување

Инфлуенсерка била бремена речиси 17 години – мајка е на 12 деца

На Бритни Чрч би ѝ одговарала голема пауза. 33-годишната мајка на 12 деца го родила своето прво дете на 16 години во 2004 година и оттогаш е бремена секоја година, со исклучок на 2013, 2017 и 2022 година. „Мислам дека завршив“, рекла таа. Додала дека нејзиниот 30-годишен сопруг Крис со задоволство би имал повеќе деца. Тие ги имаат седумгодишниот Сајлас, петгодишниот Кристофер Џуниор, 3-годишните тројки Ашер, Оливер и Абел и 11-месечната Ровин.

Черч е мајка и на 17-годишниот Кризман, 16-годишниот Џордан, 14-годишниот Кејлеб, 13-годишниот Џејс, 12-годишниот Кеденс и 10-годишната Џесалин. Бритни ги имала тие деца од претходните врски.

Мајката на 12 деца била бремена речиси 98 месеци

Черч има вкупно седум момчиња и пет девојчиња, а бремена била речиси 98 месеци од животот. Семејството троши 200 долари месечно за млеко за малите деца. Черч вели дека секогаш има врева во домот и некој секогаш вреска, но тоа е нормално за нив. Таа додала дека успева некако да се справува со тоа. Черч, која го бележи својот живот на платформата „Тик-ток“, вели дека луѓето се фасцинирани од големите семејства.

Таа објаснува дека сите нејзини породувања биле вагинални, освен со тројките каде што бил потребен царски рез. Черч открила дека нема причина поради која не би можела да износи уште една здрава бременост. Што се однесува до перењето и чистењето, таа веќе се помирила со фактот дека секогаш ќе ги има тие задолженија. Вели дека секогаш наоѓа крекери и тестенини насекаде, но она што е важно е секое дете да се чувствува посебно и сакано. Семејството е најсреќно кога се сите заедно. Черч додала дека животот е добар, откривајќи дека имаат голема лизгалка во домот.

Черч била бремена четири пати во текот на тинејџерските години

Според „Њујорк пост“, Черч кажала колку години имала секојпат кога ги раѓала своите деца во краток видеоклип што го објавила на „Тик-ток“. Таа посочила дека на возраст од 16, 17, 18 и 19 години била бремена со своите четири најстари деца. Черч потоа објаснила како останала бремена на 21, 23, 26 и 28 години, пред да ги пречека своите тројни синови кога имала 30 години.

Автор: Џоел Браселс

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top