Воспитување

Инфлуенсери му дале необично име на своето дете – следбениците ги критикувале

Многу родители денес сакаат да му дадат на своето дете необично име по кое ќе го разликува од другите и ќе му ја даде уникатноста кон која многумина се стремат. Ова е особено точно за родителите што се активни онлајн – на социјалните мрежи и сакаат нивното дете да биде различно на некој начин, за неговото име да звучи добро во виртуелниот свет.

Ѕвездите од „Тик-ток“, Кори и Леа, по потекло од Велс, неодамна станале родители. Бидејќи се познати по споделувањето содржини поврзани со храната, но и родителството, сите нивни следбеници со нетрпение чекале да чујат какво име ќе му дадат на својот син. Честопати ги прашувале, погодувале и сакале да го знаат името. На крајот, двојката ги објави сите овие прашања во видео, а на крајот и видео од детето како спие, со песната на Мајкл Бубле „Feeling Good“ и името: Adventure/Авантура – извезено на облеката на детето.

-Моментот што сите го чекавте – се вели во описот на видеото.

Иако очекувале многу попозитивни реакции, коментарите биле исполнети со критики. Многумина го нарекле името „смешно“ и „шега“, многумина ги обвиниле дека го прават тоа со одредена цел, а некои веднаш рекоа дека детето подоцна ќе биде „малтретирано“.

Сепак, имало и позитивни коментари, а некои сметаат дека е убаво име и дека други немаат право да ги судат имињата на туѓите деца.

Автор: Наташа Крстичевиќ

Извор

Поврзани написи

To top