Што би направиле за шанса? Колку инјекции би издржале? Колку модрици? Колку болка? Колку процедури? Колку лузни? Колку пати би почнале од почеток? Колку тестови би направиле? 10? 100? Колку денови би поминале чекајќи? Колку години? Дали би кажале некому или би го чувале тоа како тајна? Дали луѓето би разбрале или би ви суделе? Дали би суделе самите?
Колку болка би издржале? Дали вашата врска би го издржала овој напор? Хормоните? Стресот? Тагата? Дали би се бореле заедно или би се распаднале? Колку би потрошиле? 10.000? 50.000? 100.000? Дали би западнале во долгови? Дали би патувале низ целиот свет оставајќи сѐ зад себе за уште една шанса?
И на крај, по секоја лузна и тага, дали сѐ уште би имале надеж? Бидејќи тоа е ин витрото – надеж која одбива да умре. Сѐ за една шанса без гаранција!