Постојат многу имиња што симболизираат сила и моќ, а ова се само некои од предлозите за вашето бебе.
Имиња за девојчиња што значат „силa“ или „силнa“
Андреа – името Андреа е универзално, а на овие простори најчесто го носат женски деца.
Адира – женско име од хебрејско потекло.
Габриела – Во повеќето земји се верува дека женското име Габриела потекнува од машкото име Габриел. Во библиската терминологија тоа значи „Бог дава сила“, се верува дека потеклото на ова име доаѓа од Италија или Шпанија.
Валентина – се верува дека, како и претходното име, е изведено од машкото име Валентин и дека потекнува од Свети Валентин, светецот-заштитник на вљубените. Името Валентина потекнува од латинскиот збор „valentinus“ што значи силен, здрав, динамичен.
Валерија – Името Валерија е од латинско потекло и потекнува од зборот „valerianus“ и опишува личност која е силна и моќна.

Имиња за момчиња што значат „моќен“ или „силен“
Андреј – името Андреј припаѓа на групата познати христијански имиња, а во Србија, Русија, Словачка и Чешка е едно од најчестите. Потекнува од грчкиот збор „andreios“ што значи храбар, смел и способен.
Ангус – е име од келтско потекло.
Габриел – се смета дека е од хебрејско потекло. Името потекнува од библискиот архангел Габриел и опишува личност на која Бог ѝ дал сила.
Валентин – потеклото на ова име е од Свети Валентин, кој е светец-заштитник на вљубените, и се слави на 14 февруари.