Доколку барате оригинално име за вашето бебе и не ви е важно дали има домашно потекло, погледнете го списокот со прекрасни имиња што потекнуваат од зборовите „сака“ и „љубов“.
Повеќето од овие необични имиња се ретки на нашите простори, меѓутоа, прекрасно звучат и сите се однесуваат на најубавата емоција за која се способни луѓето – љубовта.
Калина – во Австралија тоа значи „да сакаш“.
Мина – убаво германско име за девојка што значи „љубов“.
Аико – популарно јапонско име за девојчиња, а значи „сакана мала“.
Амадео – на португалски ова женско име означува „љубов“.
Амора – на шпански ова женско име значи „љубов“.
Есме – на старофранцуски значи „да сакаш“.
Прем – на индиски значи „љубов“.
Нејли – така Индијанците велеле „те сакам“.
Давид – често еврејско име што значи „омилен, најсакан од сите“.
Аиме – значи „обожавана“ на старофранцуски.
Ахава – уште едно еврејско име чие значење е „пријателство, сакана“.
Лололи – во Африка ова значи „драга, сакана“.
Феми – во стар Египет ова бил збор за „љубов“.
Шери – на француски „драга, сакана“.
Халиа – на Хаваите ова име значи „сеќавање за саканата личност“.
Кара – на италијански значи „сакана“.
Мила – на руски значи „миленичка на луѓето, најсакана од сите“.