Воспитување

Име за момчиња што го има истото значење на сите јазици

Личното име Лазар потекнува од древниот хебрејски збор Елеазар, иако некои извори тврдат дека името потекнува од таканаречениот арамејски јазик, од зборот Азарија.

Во хебрејскиот јазик, името Лазар сè уште често се среќава како Лазарос, додека во латинскиот јазик истото име се среќава како Лазарус, а во грчкиот јазик може да се најде и како Лазарос.

Во оригиналниот превод и од хебрејскиот и од арамејскиот јазик името Лазар (односно оригиналната форма Елеазар или Азарија) значи – „Бог помогна“; „Божја помош“; „Бог испрати помош“; „Бог помага“; „Бог ќе помогне“; „роден со Божја помош“. На многу светски јазици (а особено во европските земји) машкото име Лазар се пишува и се изговара различно, но во секој случај има исто значење.

Личното име Лазар е многу популарно во Кина, Кореја, Јапонија и во Тајланд. Ова име е првенствено познато и популарно во овој регион, а и многу српски великани го носеле името Лазар.

Од даденото лично име Лазар произлегле многу прекари како – Лазо; Лаки; Лале; Лаза; Лака; Лако; Лакета; Лакојле; Лакиша; Лало; Лакомир; Лајош; Лаврентије.

Автор: Сандра Крстановиќ

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top