Ако има една работа која секогаш слабо сум ја толерирала, тоа се клишеата, особено кога се претвораат во апсолутна реалност, за кои изгледа дека сме предодредени. А тоа е случај и со тоталното отсуство на социјалниот живот, или речиси целосна отсутност, која е насочена кон родителите. „Направи го тоа додека можеш“ или „Откако ќе родиш, ќе немаш време да одиш ниту во кино“ – ова се реченици кои повеќе пати ги слушам од пријателки кои веќе се мајки, но звучат повеќе како закани отколку како совети. Па долго време се прашував дали станувањето мајка навистина значи целосно откажување на улогата на жена, пријател и љубовник.
Знам дека пристигнувањето на детето целосно ќе го промени животот. Но, она што се прашувам е дали некои родители целосно ги откажале своите животи, преку откажување од патување, излегување со пријатели или едноставно гледање филм. Си ветив себеси дека тоа нема да ми се случи мене. Дека ќе направам сè што можам за да го помирам моето семејство со моите страсти, интереси, со мојот живот. Се сеќавам на чувството на слобода, леснотија и безгрижност кои ги имав кога, убедувана од пријателите, бев присутна на голема забава по само 2 недели од раѓањето на моето бебе. Се двоумев да ја прифатам поканата, признавам, а вината се појавуваше секојпат кога ќе помислев „Како да не“, сè додека сопругот не ми рече: „Оди и уживај во вечерта, јас ќе се грижам за бебето“.

Така и сторив, облеков светкав фустан и излегов – па доживеав неверојатна, незаборавна вечер. И уживав толку многу што си ветив дека тоа нема да биде неверојатен и редок настан кој ќе се случува еднаш на секои 2 години: дека тоа ќе биде мојот живот. Се разбира дека е потребна организација бидејќи имам семејство и дете за кое треба да се грижам. Но, имањето социјален живот нема да ме направи лоша мајка. Па избирам да не се откажувам од тоа – напротив, се обврзувам себеси да бидам мајка која е и пријател и љубовник и над сè – жена. Излегувањето и гледањето со пријателите, времето поминато со партнерот, организирање патување, одење во кино, па дури и забава – сето тоа е возможно.
Не верувајте им на оние што ви велат дека нема повеќе да имате социјален живот, не откажувајте се од себеси да направите нешто повеќе само затоа што сте станале родители. Тоа не значи дека работите така треба да се одвиваат, особено ако вие не сакате.
Автор: Иларија Бараброса