Игротека

Има две години, а веќе знае да чита. Нејзината мајка објаснува како ја совладала оваа вештина

Видео од двегодишно девојче кое веќе знае да чита стана вирално на „Тик-ток“. Во видеото малата Лету чита кратка реченица. – Мојата торба е отворена.

Видеото е прегледано повеќе од 16 милиони пати, а на профилот на мајката Нтомби можат да се најдат голем број видеа во кои малата Лету чита зборови и реченици.

– Прво ја научив како да изговара и како изгледа секоја буква. Почнете со почестите букви и прво употребувајте кратки зборови – советува таа во видеото.

Лету прво научила зборови од три букви, а сега продолжува на оние што содржат четири.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top