Воспитување

Има денови кога ми се чини дека не сум постигнала ништо, а потоа сфаќам дека сум постигнала сѐ

Откако ги добив децата, посреќна сум од кога било претходно. Но, понекогаш и потажна од кога било.

Станав многу подобра верзија од себеси. Но, некако, истовремено, не бев среќна секогаш кога ќе се погледнев в огледало – ниту со она што го гледам надворешно ниту со она што е внатре. Никогаш не сум била толку многу и постојано во друштво на некој што го обожавам. Но, повторно, честопати се чувствував многу осамена.

Има денови кои би сакала да траат вечно. Но, има и такви кога само сакам да ги однесам децата в кревет што е можно поскоро – за потоа да си дозволам да се чувствувам виновна во мир. Никогаш порано не сум била толку сигурна дека ова е улогата што најмногу ја посакував, за која сум родена. Но, никогаш повеќе не се сомневав во себе и колку сум добра во тоа што го правам. Никогаш не сум почувствувала поголема блискост, нежност и љубов кон мојот сопруг. Но, понекогаш ми се чини дека има светлосни години разлика меѓу нас.

Верувам во себе, навивам секој ден. Но и јас се преиспитувам и се сомневам – дали ги сакав моите доволно денес? Секое утро кога станувам, станувам со желба да бидам подобра од вчера. Но, понекогаш повторно викам, плачам кога сум сама и посакувам да можев поинаку, да можев подобро. Никогаш, никогаш не сум сакала толку длабоко и силно. Но, никогаш не се сум се чувствувала и толку ранливо. Никогаш порано не сум имала денови кога сум се чувствувала толку беспомошна и скршена. А, сепак, никогаш не сум била целосна како денес.

Никогаш не сум се смеела толку многу. Но, никогаш и не сум плачела толку многу. Никогаш повеќе не сум копнеела по моменти на слобода и мир. И кога ќе ги добијам, се чувствувам како постојано нешто да ми недостига. На пример, една мала дланка да посегне по мојата. Никогаш не сум била толку горда и возбудена како сега додека ги гледам децата како растат. И некако, истовремено, сакам засекогаш да останат толку мали. Има денови кога ми се чини дека ништо не сум постигнала. Но, кога ги ставам в кревет и гледам како тонат во сон, знам дека постигнав речиси сè. Никогаш не сум се радувала на иднината толку многу и не сум се прашувала каква ќе биде. И никогаш не сум обрнувала помалку внимание на она што поминало.

Тоа е патување полно со погрешни кривини кои веројатно и не се толку погрешни. Многу соништа за иднината за кои не можете ни да сонувате бидејќи немате време за сон. Исцрпеност, со бескрајна љубов. Најтешкото, но и најубавото нешто што постои. Во целиот свет.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top