Игротека

Видео: Им рекла на децата да ги довршат токсичните реченици, па се расплакала

Лорен Кларк гледала видео за „токсични фрази“ што многу милениумци ги слушале од своите родители. Таа одлучила да направи мал експеримент со своите две деца, кои имаат 8 и 10 години, за да види како ќе реагираат.

Одговорите на децата, полни со топлина и невина логика, ја допреле, а видеото за брзо време стана вирално.

Кларк им објаснила на децата дека ќе им каже почеток на неколку реченици и тие треба да ги довршат како што би ги кажала нивната мајка.

Првата реченица била: „Ќе ти дадам повод за…“, очекувајќи класичен заканувачки завршеток. Но, децата рекле нешто сосема различно: „Ќе ти дадам нешто за грицкање“ и „Ќе ти дадам нешто да средиш“.

Исто така, реченицата „Јас те родив…“ била довршена со „Ти си моето сè“.

„Додека живееш под мојот покрив…“ била завршена на нежни начини: „Ќе бидеш мој син“ и „Секогаш ќе бидеш безбеден со мене“.

@vintagepeachbeauty

Just trying to raise good humans. 🥹

♬ original sound – Lauren

„Моите деца се чувствуваат безусловно сакано“

Во видеото таа признала дека ја преплавиле силни емоции. Објаснила дека нејзините деца немаат поим за значењето на тие фрази и дека дури и кога таа се обидела да ги каже со поагресивен тон, тие ги довршувале со љубов.

Подоцна им објаснила како тие реченици звучеле во нејзиното детство. Децата биле во шок и ја прашале: „Зошто некои родители се толку лоши? Зарем не ги сакаат своите деца?“

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top