Игротека

Илустрации што повикуваат да престанеме да се осудуваме и себеси и другите мајки

Џамина Боун е илустраторка која почнала да страда од постпородилна депресија по нејзиното второ породување. Како специјален педагог, таа се чувствувала особено погодена од ситуацијата во која не била на нивото на задачата.

Била скршена, се чувствувала недоволно достојна и ја мачело чувството на вина и себичност.

– Лошите мисли ми беа во главата, замислував најлоши сценарија, од смртта на моето бебе, до тоа самата да се повредам. Изолацијата, недостигот на сон и семејните проблеми очигледно беа предизвикувачи на депресијата, но не бев свесна за тоа, мислев дека мајчинството не ми одеше – вели таа.

Со текот на времето, таа успеала да се ослободи од чувството дека не е доволно добра мајка, а денес, со своите илустрации, таа ги охрабрува другите несовршени мајки да ги отфрлат општествените норми и да се прифатат онакви какви што се, со сите особини на една мајка за кои луѓето сметаат дека се лоши.

Бомбардирани сме со сцени од совршено мајчинство на социјалните мрежи. Од мајките се очекува да дадат 100 отсто и физички и психички, барањето помош се гледа како слабост, а ако сте депресивни, тогаш сте неблагодарни и себични. Денешното општество го подигнува несебичното мајчинство на пиедестал, осудувајќи ги мајките кои бараат помош. Не сфаќаме дека несебичноста ја бркаме со самоомразата и презирот кон себеси.

Денес, Џамина го опишува своето родителство како „доволно добро“ и вели дека избира да се фокусира во сѐ што е добра. – Сѐ додека напредувам на патот кон родителството, јас сум доволно добра – вели Џамина.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top