Илустрацијата која прикажува како изгледаат градите на мајката однатре, кога се полни со млеко, е уште еден доказ дека женското тело е неверојатно.
Женските гради се вистинско чудо, особено кога станува збор за доењето, а честопати не им оддаваме почит каква што заслужуваат. Ги гледаме само како уште еден дел од телото, но тие се многу повеќе од тоа – тие се извор на живот.
Илустрацијата што ја сподели здружението на советнички за доење „Милки мама“ прикажува како изгледаат женските гради однатре, нешто што обично не го гледаме.
– Нашите тела се неверојатни! Ова е поглед на градите однатре. Јасно можете да ги видите млечните жлезди и каналчињата. Исто така, може да се види зошто е важно бебето да ја фати целата ареола додека цица, а не само брадавицата – стои во описот на фотографијата.