Воспитување

Илон Маск: Мајчинството е важно колку и кариерата

Илон Маск поттикна дебата за родителството откако на „Твитер“ ги сподели своите размислувања за мајчинството.

„Мајчинството е важно колку и кариерата“, напишал 51-годишниот Маск, предизвикувајќи многубројни реакции. Некои го прашале зошто не одлучил да зборува за татковството бидејќи и самиот е родител со кариера.

„Требаше да напишеш дека да се биде мајка и татко е исто толку важно како и кариерата“, го предупредила една личност.

„Зошто мажот го кажува тоа за жена? Зошто не го кажуваш тоа за себе?“, прашал друг корисник.

Други ги критикувале неговите родителски вештини и тврделе дека неговата кариера значи дека не посветува доволно внимание на своите деца.

„Дали парите го оправдуваат родителот кој има осум деца и не живее со нив?“, додал трет корисник во коментарите.

Имено, Маск има десет деца со три сопруги. Тој го доби своето прво дете, ќерката Невада, со неговата поранешна сопруга Џастин Вилсон во 2000 година. Детето починало од синдром на ненадејна смрт на доенчиња на возраст од 10 недели. Вилсон и Маск, кои се разведоа во 2008 година, ги имаат 18-годишните близнаци Грифин и Ксавиер, како и 16-годишните Каи, Саксон и Демијан.

Во мај 2020 година Маск доби син со неговата поранешна девојка Грајмс, која ја нарекоа X AE A-XII. Во декември 2021 година, по два месеца откако го објавија раскинувањето, тие добија и ќерка, Ексу Дарк Сидерел Маск (наречена Y), преку сурогат мајка.

Маск се најде на насловните страници во јули оваа година кога беше објавено дека со Шивон Зилис добил близнаци. Судските документи открија дека децата се родени во ноември 2021 година.

Има и такви на кои им се допаднала изјавата на Маск.

„Ништо не ми донесе поголема радост од мајчинството. Затоа е толку важно да се заштитат и поддржуваат семејните вредности“, „Во денешно време ова е нешто што не го препознаваат сите жени. На децата им треба мајка, па затоа за тоа треба да се води сметка. Татковците се исто така многу важни, но на децата не им требаат толку како на мајките“, велат тие.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top