Летото подразбира пливање и игри со вода, зимата носи игра со снег, во пролет децата шлапкаат во вирчиња, а есента е омилена забава за играње во купишта лисја! Добро, можеби не им е омилена на сите, но дефинитивно е една од најпријатните, една од најсмирувачките игри поради речиси медитативното шушкање на сувите лисја – нешто што ги радува нашите уши, но и нашите очи поради прекрасните, смирувачки бои. Особено е пријатна глетката ако дете си игра со есенските лисја, уживајќи во таа старомодна забава…
Но, дали некогаш сте се запрашале дали оваа забава е навистина толку прекрасна и безопасна? Или можеби крие некои опасности?
Родителите сигурно веќе се соочиле со оваа дилема и размислувале дали да го остават своето дете да си игра со лисјата поради појавата на голем број инсекти, или да му забранат… Иако секој ваш атом ви вели дека треба да ја забраните активноста кога размислувате на таков начин, сепак, го оставате детето да си игра, додека се обидувате да се смирите и да не мислите за бубачки, змии, мувла, разни алергени и слично…
Еве што велат експертите за ова:
-Во текот на есента многу инсекти наоѓаат засолниште под паднатите лисја, вклучувајќи ги мравките, разни видови лебарки и стоногалки – изјави Даниеле Рестуча, менаџер на технички услуги за компанија која се занимава со контрола на штетници.
Таа особено предупредува за крлежите, но понекогаш и пчелите користат купишта лисја кога одат во хибернација во текот на зимата. Крлежите се најопасните штетници кои демнат во купиштата лисја затоа што можат да пренесат лајмска болест или вирус на менингоенцефалитис. Секоја од овие болести може да биде особено опасна за децата, предизвикувајќи долгорочни здравствени проблеми доколку не се лекува брзо.
Дали треба да се грижиме за алергените?
-Алергијата на овошје, полен од дрвја или цвеќиња може да предизвика алергиска реакција или да ја влоши вашата астма ако си играте со лисјата од истото дрво. Ова се должи на присуството на вкрстено реактивни алергени во различни делови на растението, па некои симптоми на алергиска реакција може да вклучуваат риноконјуктивитис (исто така, познат како поленска треска), отежнато дишење, влошување на симптомите на астма и контактен дерматитис – вели д-р Џејсон Белак, алерголог.
А што е со мувлата?
-Спорите на мувлата можат да растат на лисјата што се влажни од дожд и/или роса. Најчесто, ова е реакција која вклучува проблеми со дишењето кај луѓето со астма или алергии на мувла – вели Конор.
Па, како можете да уживате во играњето со лисјата?
Ако нема друга опција, а всушност вие некако потајно го посакувате играњето во лисја како активност, можете да му дозволите на детето да си игра во купишта лисја, но со одредени мерки на претпазливост. Ако детето е алергично, земете антихистамини, облечете го детето соодветно: маица со долги ракави, затворени чевли и ракавици, особено ако сте во област со многу крлежи.
Проверете прво со помош на стап или нешто слично дали има мувла на листовите, а кога ќе дојдете дома, истуширајте го детето и преслечете го.
Автор: Наташа Крстичевиќ
912