Во претпладневните часови децата имаа спортски активности во училишниот двор, а целта беше развивање на тимската работа, координацијата, лидерство, споделува Златица
Летниот распуст заврши. Заврши уште една безгрижна и слободна сезона. Покрај долгите топли денови, патувања, летни одмори, игри во маало, одење на гости кај баба и дедо, многуте безгрижни и слободни моменти, летото на 130 дечиња беше дополнето и разиграно со Летната школа на Бибиверзум.

Менаџерката на Летната школа Бибиверзум, м-р Златица Апостолов, ни сподели дека во јули и август во три училишта во Општина Аеродром успешно беше реализирана Летната школа Бибиверзум во соработка со Општината Аеродром.

М-р Златица Апостолов


Интеракција помеѓу децата и едукаторите

Значајно е да се спомене дека целта на Летната школа беше да се згрижат децата на оние родители кои немаа каде да ги остават.

– Можност имаа да се пријават учениците од прво до трето одделение од сите основни училишта на ниво на Општина Аеродром. Особено задоволство ни претставува што Бибиверзум програмата беше дел од Летната школа Бибиверзум. Интересот беше огромен, во летната школа престојуваа 130 деца, кои едноставно уживаа во активностите што беа од едукативен и забавен карактер во текот на секој работен ден. Преку интересната образовна програма подготвена од тимот на Бибиверзум, а актуелна за возраста на децата, тие имаа можност да научат нови животни лекции. Предвидените цели децата ги усвојуваа преку игра, истражувачки активности, многу дружење, пеење, цртање – ни сподели Златица.

Главниот акцент бил ставен на интеракцијата меѓу децата и едукаторите и развивањето на критичкото мислење, концентрацијата, самодовербата, креативноста, одговорноста, трпението…

– Чест и задоволство ми беше што бев менаџер на Летната школа Бибиверзум. Огромен предизвик ми претставуваше работата со децата, едукаторите и родителите. Со максимална посветеност и секојдневна комуникација постигнавме многу добри резултати. Интересот на децата ми беше водилка во тековните активности, а позитивната клима, мотивацијата на децата, натпреварувачкиот дух секогаш беа присутни. Поттикнувањето на креативноста на наставниците беше од особено значење, а преку делегирање на задачите дојде до израз и креативноста на едукаторите и поттик за нивно напредување – истакнува нашата соговорничка Златица.

Родителите презадоволни: Програмата е вистинско освежување за децата

Интересно е што на секој од часовите на Бибиверзум учеа заедно со Биби и Боби.

-Исто така, преку видеа кои беа подготвени за секоја содржина децата можеа да научат уште многу интересни нешта кои беа визуелно претставени. Во претпладневните часови децата имаа спортски активности во училишниот двор, а главната цел беше развивање на тимската работа, координацијата, лидерство – вели Златица.

Од особено значење е фидбекот од страна на децата и родителите за содржините и организацијата на Летната школа Бибиверзум. Според реакции и впечатоците што ги споделија, сите беа среќни и задоволни од резултатот и текот на летната школа. Им се допаѓаа содржината, организацијата, активностите, дружбата…

– Програмата е вистинско освежување и полн погодок за сите дечиња чии родители нема каде да ги остават на чување во текот на летниот распуст, а воедно имате препорака и за оние што имаат можност. Причините за добри препораки и поттик ова да стане редовна практика се дека децата се презадоволни и од едукаторите и од содржините што ги обработуваат – пишува еден родител.

– Летната школа е најдоброто нешто за моето дете, среќна сум што се враќа среќен и задоволен –пишува друг родител.
– Моето дете е пресреќно, ви благодарам за сѐ. Одлична организација, професионалност и посветеност. Браво… се дел од коментарите.

Фокусот на Бибиверзум во следниот период е кон проектот „Бибиверзум во твоето училиште“, кој почнува во октомври во училиштата во Општина Аеродром.

– Во тек се демо-часовите и уписите на децата. Од октомври ќе се реализираат и онлајн курсеви Бибиверзум. Наскоро ќе можат да се пријават сите дечиња што сакаат да бидат дел од онлајн наставата, каде што на интересен и креативен начин ќе ја учиме азбуката, ќе учиме да читаме, ќе учиме математика и ќе ги имаме најинтересните Бибиверзум часови. Ги очекуваме сите заинтересирани родители да нѐ контактираат за упис на своето дете – информира Златица.

(Комерцијална објава)



912

X