Еден иден татко поттикнал дискусија за родителските обврски откако открил дека побарал од сопругата да се грижи за новороденчето ноќе, за време на нејзиното породилно отсуство.
Во неодамнешната објава споделена на платформата „Редит“, овој иден татко рекол дека неговата сопруга добила 16 недели платено породилно отсуство, додека тој морал да продолжи да работи.
„Само ја замолив да се грижи за бебето преку ноќ во тој период од 16 недели додека спијам затоа што морам да станам за на работа“, напишал тој.
Сопругот рекол дека кога ќе се врати од работа, ќе преземе повеќе обврски и задачи.
„Јас ѝ кажав дека штом ќе завршам со работата, целосно ќе ги преземам должностите“, продолжува тој во соопштението. „Ќе ги завршам сите задолженија, ќе готвам, ќе ги чувам децата. Уште повеќе тоа ќе го правам за време на викендите, кога немам проблем да останам до доцна, да станувам рано или неколку пати во текот на ноќта за таа да се одмори“.
Тој рекол дека во исклучителни пригоди, дури и да мора да работи наутро, ќе остане буден со бебето. Но, неговата понуда не ѝ се допаднала на неговата сопруга. „Таа сè уште мисли дека е неправедно ако поделбата не е изедначена, со што не се согласувам“, напишал тој.
Некои корисници изразиле огорченост поради неговиот предлог
„Што точно прави таа во текот на денот додека сте на работа? Сонува? Да се чува новороденче сосема сам во текот на денот е стресна работа“, напишал корисник на „Редит“. „Станете и помогнете ноќе“.

„Да ја оставите вашата сопруга да дремне и да се истушира не значи дека ѝ давате шанса да се одмори, туку ја оставате да ги задоволи нејзините основни потреби и повеќе мажи треба да го разберат тоа“, напишал друг корисник. „Импликацијата дека ви е поважно добро да се одморите бидејќи вашата работа е поважна од нејзината е одвратна“, додал некој друг во коментар. „Само затоа што е на породилно отсуство не значи дека не работи – таа работи да го одржи во живот малиот човек што вие двајца сте го донеле на свет!“, се нижат огорчените коментари.
Од друга страна, некои корисници на „Редит“ се согласиле со мажот
„Ако преземете сè навечер и планирате рамномерно да ги поделите ноќите кога таа ќе се врати на работа, тоа е разумно“, се вели во коментарот. „Тоа го правевме јас и мојот сопруг и ни беше добро. Сепак, некои ноќи со новороденче се навистина тешки и ако ѝ треба вашата помош, дури и само во форма на емоционална поддршка, подобро е да го направите тоа без да создавате проблем околу целата работа“, се вели во остатокот од коментарите.