Иако веројатно имате многу обврски кои треба да ги завршите во текот на денот, обидете се да одвоите малку време за играње со најмалите.

Ви предлагаме пет активности на снег со деца:

1. Направете поинаков снешко

Можете да направите снешко со тоа што ќе направите голема гасеница од помали грутки, од пет или шест поврзани топки. На тој начин снешкото ќе биде доволно низок, па и малите деца ќе можат да го украсуваат како што сакаат.

2. Користете кофички за песок

Дали некогаш сте направиле зимски замок? Можете да го направите многу лесно ако користите кофички за песок. Потребна е само малку фантазија, добра волја и рамна површина каде што заедно со децата ќе составите различни форми, а снегот е совршен за обликување.

Едноставно и лесно ќе го направите замокот на снежната кралица, а вашите малечки ќе бидат воодушевени.

3. Вежбајте ги моторичките вештини и гаѓањето

Израмнете го снегот, а потоа нацртајте круг, поставете ја границата од која ќе гаѓате со снежни топки и со децата влезете внатре во кругот. Можете да смислите некои свои правила, како што е вметнување една мала топка во центарот на кругот што треба да ја погодите со друга.

Победникот е оној што ќе ја погоди или фрли својата топка најблиску до таа во кругот и можете да смислите симболична награда за победникот.

4. Направете мозаици во снегот

Користете недопрени снежни површини како мозаична основа. Соберете суви гранчиња или други работи и заедно со децата нацртајте разни слики со нив. Вие и вашите малечки ќе уживате, а резултатот ќе биде неверојатен. Вашите малечки ќе бидат маѓепсани од глетката.

5. Направете игло

Играјте си Ескими. Ќе биде и интересно и едукативно. Ова е особено лесно да се направи ако веќе сте направиле многу снег со чистење на патеките околу куќата или зградата. Тогаш веќе ја имате основата за вашето игло.

Направете тунел од куп снег и ископајте дупки во кои ќе можете да ползите.

Куќа што потсетува на оние на Ескимите ќе биде вистинска радост за децата.

Доколку не сте расположени за креативни игри, тогаш лизгајте се со санки и одете со вашите малечки до најблискиот рид, па уживајте во спуштањето по снегот.

Извор



912

X