Игротека

И Супермен е самохран татко: 10 славни татковци што сами ги одгледуваат децата

Да се биде самохран родител не е нималку лесно, особено кога си под будното око на јавноста. Погледнете како се снаоѓаат во улогата на родители овие славни мажи

Воспитувањето и одгледувањето деца во улога на самохран родител не е нималку лесна работа. Повеќето луѓе претпоставуваат дека единствено жените можат да излезат накрај со таквите обврски. Сепак, постојат многу припадници на посилниот пол кои апсолутно нè одушевуваат како самохрани татковци.
Еве десет славни мажи што се нашле во улогата на самохрани татковци и причините за тоа:

1. Лиам Нисон

Популарниот холивудски актер стана самохран родител под катастрофални околности. Сопругата Наташа, со која беше во брак 15 години, загина во скијачка несреќа пред речиси една деценија. Нисон беше принуден самиот да ги воспитува двете момчиња – Даниел и Мајкл, кои во тоа време имаа 12 и 13 години.
Тие ја изгубиле својата мајка во периодот на адолесценција, па биле особено ранливи. По трагедијата семејството се соочило со тешки моменти, кои Лиам во неколку пригоди ги нарече „длабоко чувство на нестабилност“. И покрај тешкотиите, тој дал сè од себе да ги изведе момчињата на вистинскиот пат. „Да беше Таша овде, ќе имав со кого да ја споделам грижата за децата. Но, добро ми оди“, вели Нисон.

 

 

View this post on Instagram

 

When your bro @michealn0seen is killing it and the other bros @buonissimoberry @willy_d_1500 @billyrenza @millms #broday

A post shared by Daniel Neeson (@bgdans91) on

2. Рики Мартин

Латино-пејачот е татко на близнаци – Валентино и Матео, кои ги добил во 2008 година со помош на сурогат-мајка. Мартин подоцна ги посвоил и оттогаш се грижи за нив како самохран родител. Тој не го напушти лудиот начин на живот како музичар, па и натаму патува и одржува концерти. Но, не дозволил ова да му биде пречка да го поминува времето со своите деца. Ги води со себе каде и да оди.
„Не одам на работа без нив. Постојано се со мене. Но, за среќа, моите синови се вистински борци. Тие се родени на турнеја и не знаат за нешто друго. Јас сум нивната стабилност. Нестабилни се кога ме нема“, изјави Мартин.

 

 

View this post on Instagram

 

❤ @ricky_martin #RickyMartin #MatteoMartin #ValentinoMartin #Kids #Twins #Daddy #Love

A post shared by Ricky Martin Serbia (@ricky_martin_serbia) on

3. Ашер

Во 2012 година пејачот Ашер водеше судска битка со поранешната сопруга за старателството над двете деца. Во 2008 година, по разводот, судот им доделил заедничко старателство. Меѓутоа, кога еден од синовите за малку ќе се удавел, екс-сопругата го тужела пејачот и барала целосно старателство над децата, тврдејќи дека тој е отсутен татко, на што тој возвратил со контрааргументи, наведувајќи дека таа не е способна да се поврзе со децата.
Судот пресудил во корист на Ашер, доделувајќи му целосно старателство. „Јас не сум отсутен татко. Роден сум да го правам ова што го правам како татко. Кога ги добив, тие ми станаа приоритет“, изјави Ашер.

 

 

View this post on Instagram

 

? #fbf #usher #cinco #naviyd #father #sons #family #raymond

A post shared by Usher (@usherraymondiv) on

4. Кристијано Роналдо

Во 2010 година португалскиот фудбалер го изненади светот со својата објава дека очекува раѓање на својот прв син. Во таа пригода Роналдо изјави дека самиот ќе се грижи за својот наследник, без никаква помош од мајката. Уште пошокантна беше информацијата дека таа жена е Американка на која спортистот ѝ платил пари за да биде сурогат-мајка, а чиј идентитет сака да остане тајна.
За своето родителство, Роналдо изјави: „Да се биде татко, за мене е особено лично патување. Нешто што комплетно ме промени. Ме научи на многу работи за љубовта што дотогаш не знаев дека постојат“.

 

 

View this post on Instagram

 

❤️

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano) on

5. Принцот Чарлс

По трагичната смрт на принцезата Дајана во 1997 година, нејзиниот поранешен сопруг беше принуден да ја преземе целата одговорност за двајцата синови. Принцовите Вилијам и Хари во тој период беа тинејџери. За да ги заштити, таткото донел одлука да се отселат од Бекингемската палата во Лондон и да се вселат во замокот Виндзор во Хајгрув.

Ваквиот потег беше уште пошокантен со оглед дека членовите на кралското семејство отсекогаш живееле и се школувале во Лондон. Меѓутоа, принцот Чарлс ова го направи за да ги скрие своите деца од медиумскиот метеж додека тагуваа по мајката, но и да им обезбеди можност да имаат нормално воспитување. Години подоцна се покажа дека целосно бил во право.

6. Нели

„Децата го менуваат животот на многу начини. Учете да им бидете не само родител, туку и пријател, бидејќи тоа им е потребно“.
Музичката ѕвезда Нели стана самохран татко по разводот со мајката на неговите две деца, Шанел и Корнел.
Во 2005 година неговата сестра починала од леукемија, па добил старателство и над нејзините две деца. Денес, тој е родител и на своите внуци Сиднеј и Шон. Сите четири деца ги смета за свои.

„Моите деца се неверојатни и благословен сум што ги имам. Мислам дека моментите во друштво на децата претставуваат најубав подарок за татковците“, тврди тој.

 

 

View this post on Instagram

 

Happy bday to my cat…!!! Love you champ …!!! @t_trizzle1

A post shared by NELLY (@nelly) on

7. Дин Кејн

По судскиот спор со поранешната сопруга, актерот сам се грижи за синот Кристофер, кој сега е тинејџер.
– Во улогата на татко сум подобар отколку во која било друга улога во животот, мојот син мора да се бори со мене за да ги избегне моите бакнежи, тој ми е најомилената личност на планетата – вели Кејн.

Актерот познат по улогата на Супермен напоменува дека балансирањето меѓу кариерата и татковството знае да биде тешко на моменти, но тој нема дилема што му е приоритет: „Научив да носам одлуки во кои тој е на првото место“.

 

View this post on Instagram

 

Another airport, and this guy following me again… !

A post shared by Dean Cain (@deuces1966) on

8. Лени Кравиц

Кога во 2011 година рокерот се разведе од сопругата, неговата ќерка Зое, која тогаш имала 11 години, почнала да живее со него. Кравиц го опишува нивниот однос како „нешто најдобро што го имам на овој свет“. Спротивно на дивиот имиџ што го има на сцена, музичарот е изненадувачки примерен родител.
Според Зое, која редовно се појавува на црвениот тепих во друштво на Лени, татко ѝ е прилично конзервативен.

– Тој е од старата школа. Многу е строг… таква е нашата комуникација – истакнува таа.

 

View this post on Instagram

 

@zoeisabellakravitz x papa x @domperignonofficial

A post shared by Lenny Kravitz (@lennykravitz) on

9. Еминем

Фановите на раперот знаат сè за неговата посветеност на ќерката Хајли, за која не само што зборува туку ѝ посветува и песни. Во текот на нејзиното растење Еминем и поранешната сопруга Ким имаа заедничко старателство.
Тој ја посвоил и внуката на Ким – Алијана, но и нејзината ќерка Витни, со чиј биолошки татко го изневерила Еминем. Истовремено, добил и старателство над својот помлад полубрат Нејтан, кој бил малтретиран од страна на нивната мајка и живеел во дом. Наместо да гледа како се мачи, Еминем одлучил сам да се грижи за него.

 

 

View this post on Instagram

 

#eminemandhailie

A post shared by slim shady (@marshall_eminem) on

10. Двејн Вејд

Кошаркарската ѕвезда Вејд доби целосно старателство над своите синови Заир и Зион по тригодишната судска битка со поранешната сопруга.
– Понекогаш мораш да се бориш за да бидеш во животот на своите деца. Се бориш додека можеш. Тоа е сè што се обидувам да бидам – татко на своите деца – порача кошаркарот.

За него времето поминато со момчињата вреди повеќе од што било друго: „Не се работи за пари, туку за време. Сакам да седнам на маса со нив, па ако нешто не е во ред, веднаш да им помогнам“.
Подоцна Вејд се ожени со актерката Габриел Јунион.

 

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top