Здравје

Хрватски лекари успешно раздвоија сијамски близнаци споени со органите во стомакот

По 13 часа операција, хрватските доктори успешно раздвоиле сијамски близнаци, односно бебиња кои биле поврзани на долниот дел од градниот кош, цревата, кожата и меките ткива.

Операцијата ја извршиле лекари од клиничко-болничкиот центар во Загреб пред два месеца, но веста е објавена сега зашто сакале да бидат сигурни дека девојчињата, стари околу четири месеци, добро ќе закрепнат. Ова е прв пат ваква операција да биде изведена во Хрватска.

Началникот на Заводот за неонатологија и неонатална интензивна медицина вели дека проблем претставувало и тоа што бебињата биле прерано родени, во 33. недела, и имале неизбалансирана циркулација, поради што едното имало висок притисок, а другото низок.
Ова е втор случај во светот близнаци да се споени со црниот дроб и цревата, и за среќа, двете девојчиња преживеале.

Поврзани написи

To top