Не е важно, и не смее да биде. И како воопшто такво прашање се појавило во прашалникот за упис на првачиња во основно училиште?
Околу 1.200 деца во Хрватска што наесен ќе тргнат во прво одделение се реални личности и го живеат својот живот благодарение на методите на медицинско потпомогнато оплодување.

Зошто е важно службата за школска медицина при прегледот на децата за упис во прво одделение да има податок за начинот на зачнувањето, родителите сè уште немаат одговор.
Освен што таквите податоци немаат стручна научна основа, користењето на изразот „внатрешно оплодување“, пишуваат хрватски медиуми, претставува етички и стручен пропуст на службата за школска медицина при заводите за јавно здравство.
Користењето на изразот „внатрешно оплодување“ најчесто поминува од незнаење, а ретко од свесно игнорирање на важните фактори за постапките на медицински потпомогнато оплодување од страна на луѓето и здруженијата, кои поради сопствени, честопати дискутабилни, ставови и уверувања, се против постапките на медицинско потпомогнато оплодување.

Од друга страна, неплодноста во Хрватска сè уште е табу-тема, а личностите и децата родени по ваквото оплодување често се стигматизирани.
Од тие болни животни реалитети произлегуваат недовербата и отпорот на родителите кои имаат деца зачнати со медицинско потпомогнато оплодување да ги запишуваат податоците во обрасците на школската медицина, а на кои не е наведено за каква цел се собираат, кој има пристап до нив и како тие податоци се заштитени од неовластен пристап и неовластено користење.



912

X