Енергетските потреби за нормално функционирање на организмот се повисоки поради екстремните ниски надворешни температури. Се препорачува појадок во утринските часови и правилно распоредување на храната во дневните оброци, три главни оброци и една до две ужини.

Покрај тоа, важно е исхраната да биде разновидна и да се јадат сезонски овошје и зеленчук, како што се цитрусно овошје (портокали, мандарини, цитрони) потоа киви, јаболка, брусница, тиква, зелка, пиперка и магдонос, кои се добар извор на витаминот Ц.

Внесувајте доволно течности, по можност сокови од цедено овошје, топли чаеви, топли супи и чорби. Избегнувајте ладни пијалаци, но и жешки, бидејќи можат да ви го загрозат здравјето.

Јајцата, рибата, млекото и житарките што се богати со цинк исто така имаат важна улога во борбата против инфекции, на кои сме повеќе изложени во овие студени денови.

Храната богата со флавониди – кромид, морков, брокула, ореви, јаболка, круши… исто така се препорачува во студените денови.

И лукот и ренот имаат важно место. Намирници како што се тиквата, компирот, гравот, грашокот се препорачуваат како дел од оброците.
Во зимскиот период престојот на сонце е пократок, па доаѓа до помала продукција на витаминот Д. Затоа е потребно да внесувате повеќе калциум преку млеко и млечни производи.
Се разбира, секогаш треба да се води сметка за тоа колку внесуваме масти, шеќер и сол во исхраната.



912

X