Здравје

Хормонот на среќата го олеснува породувањето, но што се случува во наредните денови кога неговите нивоа нагло паѓаат

Ендорфинот е хормон на среќата што се лачи во хипофизата за време на (разни) ситуации како што се смеење, физичка активност, но исто така и во стресни ситуации, и игра клучна улога во регулирањето на болката, расположението и стресот.

Во бременоста вашето тело произведува 2 до 3 пати повеќе ендорфини, особено во третото тримесечје, а најголемиот скок се јавува токму за време на породувањето. Дејствува како природен аналгетик, помагајќи да се намали чувството на болни контракции, а веднаш по раѓањето е одговорен за чувството на еуфорија… и потоа одеднаш почнува да паѓа!

Статистиката вели дека во првите неколку дена по породувањето околу 80 % од жените доживуваат некои емоционални промени како што се раздразливост, тага и чувство на исцрпеност и преоптовареност…

Кој би помислил дека првите денови по породувањето се составени од огромна количина љубов, прегратки и споделени солзи – сè во исто време.

„Што треба да направам?“ – клиентите често ме прашуваат. Плачи! Солзите му помагаат на телото да ги ослободи хормоните на стрес и помагаат во намалувањето на напнатоста, додека нивното задржување може да доведе до вознемиреност и посилно чувство на замор. Солзите нè лекуваат, тие се суштински дел од процесот на закрепнување, и затоа моето прво правило по породувањето е – плачете кога ќе ви се плаче.

Можете да го олесните тоа така што ќе разговарате со некој на кого му верувате, ќе поминувате кратки периоди на свеж воздух (колку што ви дозволува вашето тело), ​​ќе јадете хранливи и омилени оброци, или ќе го замолите вашиот партнер да ви направи масажа. Исто така, контактот кожа на кожа со вашето бебе го стимулира лачењето на окситоцинот, кој има смирувачки ефект.

Тој ненадеен пад на ендорфините и другите хормони е природен, но може да биде причина за постпородилна депресија, па ако забележите дека губите интерес за секојдневните активности и дека вашите симптоми се интензивни или не престануваат, важно е да побарате стручна помош.

Автор: Христина Беширевиќ/ Хрватско здружение на бабици

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top