Игротека

Смислиле начин како да го смират детето и да го фотографираат за пасош

Тик-токерите Габи и Кристијан Карлин споделиле урнебесен начин како успешно да се фотографира дете за пасош. Познато е дека малечките се немирни и неволно седат сами пред објективот на камерата, па Карлинови смислиле како да ги смират. Со малку креативност успеале да го направат тоа што било потребно.

Кристијан прво се обидел да ја седне својата ќерка Одри на бело столче пред бела заднина за да се фотографира за пасош. Таа одбила да се раздели од татко ѝ, па тој се покрил со бел чаршаф и ја седнал в скут. Крајниот резултат насмеал многумина до солзи.

„Ние го направивме истото со нашето дете пред две години“, „Подоцна во животот таа ќе биде убедена дека ја држи дух“, „Ти си хит“, коментираат луѓето.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top