Здравје

Хирурзите предупредуваат на загрижувачки предизвик меѓу младите: Ова е алармантен проблем

Пластичните хирурзи се сè позагрижени за новиот предизвик на „Тик-ток“, кој довел до голем број смрзнатини кај младите. Речиси 70 луѓе, од кои некои на возраст од десет години, се појавиле во болницата „Ројал Викторија“ во Њукасл, Англија, со такви повреди. Биле потребни неколку пластични операции за да се спаси нивната оштетена кожа.

За порастот на бројот на овие рани, кои се предизвикани од изложеност на многу ниски температури, се обвинува социјалната платформа „Тик-ток“ каде што младите луѓе се снимени како прскаат дезодоранси на кожата од непосредна близина. Се покажало дека млазот на аеросоли од дезодоранс (кој би се држел на растојание од само 5 сантиметри), во времетраење од 15 секунди, ја намалува температурата на кожата за повеќе од 60 Целзиусови степени, што е доволно за да предизвика екстремни смрзнатини.

„Влијанието на социјалните мрежи врз младите не може да се потцени. Пред 20 години студените изгореници беа речиси нечуени“, рекол пластичниот хирург Конор Баркер.

Тој истакна дека шишињата со дезодоранси треба да имаат предупредување оти прскањето блиску до кожата може да доведе до сериозни повреди. „Постојат предупредувања за запаливост и вдишување на растворувачи, но не и за предизвикување повреда на кожата“, додал д-р Баркер.

10-годишно девојче од Хертфордшир минатата година завршило на пластична операција откако од непосредна близина испрскало дезодоранс на кожата, нешто што го видело на интернет. Подоцна хирурзите предупредиле дека може да бидат потребни и до две години за целосно заздравување на нејзините повреди.

Д-р Мани Рагбир истакнал: „Ова е алармантен проблем што може да се спречи. Бара итно внимание“.

Извор

Поврзани написи

To top