Со химната на Република Северна Македонија учениците се запознаваат уште во прво одделение по наставните предмети општество и музичко образование, како и во петто одделение, каде што јасно стои во наставната програма по општество дека учениците преку интегрирани активности по музичко образование и по ликовно образование ги изработуваат симболите и ја учат химната на Република Македонија (наставна програма од 22 мај 2008 година). Ова стои во соопштението што Бирото за развој на образованието го објави на својата веб-страница. Оттаму ги негираат дезинформациите дека химната била забранета да се изучува во основното образование.
– Истакнуваме дека при изработката на новите наставни програми нема никаква поврзаност, ниту умисла да се отстрани химната од наставните програми, туку и понатаму останува како и досега, таа да се изучува во основното училиште и да се изведува кога тоа го бара наставната програма или на различни свечени пригоди во училиштата – велат од БРО.
Извор: Биро за развој на образованието (наставна програма по музичко образование за прво одделение)
912