Познатата двојна „оскаровка“ Хилари Свонк роди близнаци на 48 години. Се работи за девојче и момче. Таа ја објави веста денеска на својот инстаграм-профил.
Пресреќната американска глумица во објавата напиша – „Не беше лесно, но вредеше“, покрај фотографија на која ги држи своите малечки со грб кон камерата и гледа кон океанот. „Среќен Велигден! Вака е во чистиот рај“, додаде таа.
Хилари не ги соопшти имињата на своите деца и не даде повеќе подробности.
Извор: МИА
912