Некој станува родител многу рано во животот и тоа му го менува текот. Некои сакаат што побрзо да станат родители, но тоа не им оди, па таа улога доаѓа малку подоцна. И за тоа нема апсолутно никакво правило – ниту кога е најдобро, ниту кога не треба да се случи, ниту дали ќе бидете добар родител…

Кога актерката Хилари Свонк објави дека е бремена, многу луѓе беа изненадени, а многумина тоа го кажаа јавно. За оние што се под будното око на јавноста, секој ќе се сети да го каже своето мислење – и кога треба и кога не треба. Со оглед на тоа што забремени на 48 години, ја критикуваа е дека е „премногу стара за да биде мајка“.

Неодамна Свонк даде интервју за магазинот „Пипл“, како дел од рекламната кампања за детската козметика „Хелти бејби“, чие заштитно лице стана токму таа.

-Имав 47 години кога забременив и чувствувам дека имам многу повеќе трпение и работев многу на себе за да бидам мајка каква што сакав да бидам, додека во моите дваесетти и триесетти ќе беше сосема поинаку – рекла Свонк, која уште од својата осма година знаела дека сака да стане актерка и истакнала дека навистина ја сака својата кариера и работата за која се надева дека ќе продолжи да ја работи уште долго.

-Навистина бев фокусирана на кариерата и не бев подготвена да имам деца во моите 20-ти, дури ни во 30-тите години, а потоа влегов во 40-тите години и немав партнер. Тоа не значи дека морав да имам партнер. Многу луѓе избираат донатори, а тоа е прекрасна опција, многу луѓе посвојуваат, има многу различни начини, па затоа бев отворена за сѐ – истакнала таа.

Таа е сигурна дека денес може да им даде на децата многу повеќе отколку што можела во кој било претходен период.

-Мислам дека немаше да имам трпение и нежност кои сега, се надевам, можам да ги дадам малку повеќе, а исто така постои и свеста дека повеќе не морам да се фокусирам на себе како во тој момент. Сега можам да им ги дадам потребните работи на поинаков начин.

Нејзините близначки Аја и Ом сега имаат една и пол година, а Свонк вели дека најдобриот дел од мајчинството е да поминува време со своите деца и да биде свесна за тоа како тие искусуваат нешто ново секој ден.

Слушате дека луѓето го велат тоа, дека повторно го гледате животот со нови очи и тоа е вистина. Работите стануваат толку вообичаени и си велиме: „О, да, го видов тоа, го направив тоа“, а едноставно одиме наоколу не гледајќи пред нас, тоа е како да имаме ролетни на главите затоа што ништо веќе не предизвикува страхопочит. И повторно ги гледате вашите деца и си мислите „О, да, ова е прекрасно, величествено“.

Вашата љубопитност повторно се разгорува само гледајќи ги децата како растат и се развиваат, и тоа е нешто ново секој ден, многу е забавно и тие се толку смешни.

За сè постои вистинско време и тоа не е исто за сите.

Автор: Наташа Крстичевиќ

Извор



912

X