Четиригодишно девојче стана херој откако ја повикало итната помош кога нејзината мајка изгубила свест, а потоа успеало да ја отклучи вратата, кога помошта пристигнала.
Брзата реакција на девојчето Ајла Глејзер ѝ го спаси животот на нејзината мајка Хејли.
– Мама падна на подот. Не може да зборува – беа нејзините зборови кога повикала итна помош.
Како вистинска грижлива постара сестра, таа им објаснила дека дома со неа се двегодишната сестра и едногодишните браќа близнаци, а нејзиниот татко е на работа.
Кога пристигнале луѓето од итната помош, разговарале со девојчето преку затворената врата и му објасниле дека треба да се качи на столче и да им отклучи.
Нејзината мајка Хајли веднаш била пренесена во болница, а сега е дома и заздравува.
Не само што девојчето ѝ помогнало на мајка си во неволја, туку и на сестра си и на братчињата им дала појадок и им зборувала дека нивната мајка ќе биде во ред.
Полицијата дури ѝ дала почест повикувајќи ја со семејството во полициска станица.