Воспитување

Хероите се реални!

– Зошто костимот не ви е црвен?

– Морав да го однесам на перење – вели пожарникарот Дедо Мраз од Делчево кој ги изненади децата од градинката „Весели цветови“ во Делчево.

Доброволното противпожарно друштво „Волонтер“ од Делчево реши да измами насмевки, да им го развесели секојдневието на децата од градинката. Еден од членовите, Борче Поповски, облечен во униформа на пожарникар со дедомразовска брада и капа, со помош на скала преку прозорецот влезе во градинката и им подели подароци на децата.

Вистинска радост и атракција за најмалите. Изненадени и воодушевени, прво му поставија прашање зошто не му е црвен костимот.

– Им објаснив дека ја сум Дедо Мраз пожарникар, еден од хероите на градот, па ги запознав со нашата работа, дека интервенираме онаму каде што е потребна нашата помош. Преубаво беше чувството да се видат нивните весели лица, да се измами насмевка, а најголемата возбуда беше кога видоа дека влегувам преку прозорец – вели Борче.

Им подели подароци, си замина низ прозорецот и ги остави во добро расположение.

Друштвото „Волонтер“ има цел реализација на голем број хуманитарни и еколошки акции, и секако брзи интервенции на пожари.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top