Здравје

Хелиумот може да биде смртоносен – докторка објаснува зошто не треба да дозволите децата да го вдишуваат

Тенкиот глас кој го познаваме од цртаните филмови или забавните емисии можеме да го добиеме ако вдишеме хелиум. Иако тоа долго време се сметаше за безопасно, веќе некое време се знае колку и зошто е опасен хелиумот.

Сепак, иако повеќето родители го знаат тоа, многумина не се свесни или не го прифаќаат фактот дека хелиумот, односно вдишувањето хелиум, е опасен за здравјето. Напротив, може да биде и смртоносен. Една ирска докторка предупреди за ова на својот профил и кратко јасно што точно прави хелиумот и зошто е толку опасен.

Што се случува кога се вдишува хелиум?

Д-р Нијам Линч во својата инстаграм-објава, како предупредување за родителите дека хелиумот може да биде причина за смрт, вклучи и снимка од девојче што вдишува хелиум и последиците од тоа. На видеото девојчето речиси се онесвестува откако вдиша хелиум од балон.

– Кога вдишувате хелиум, тој всушност го истиснува кислородот и вашата крв зема хелиум наместо кислород. Тоа значи дека ако вдишете хелиум во белите дробови, крвта што циркулира низ телото не носи кислород, и затоа е многу веројатно дека ќе се онесвестите или, за жал, во некои случаи, ќе умрете, бидејќи мозокот и органите не добиваат кислород – објаснува докторката, која е мајка на четири деца.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top