Британскиот принц Хари, неговата сопруга Меган Маркл и четиримесечниот син Арчи ја почнаа десетдневната турнеја во Африка, на која Хари тргнува по стапките на својата почината мајка, принцезата Дијана. На третиот ден од нивната турнеја го сретнаа пензионираниот надбискуп Дезмонд Туту, кој има добиено Нобелова награда за мир и дозволија заедничко фотографирање.
Фото: Ројтерс