Татковците, посебно оние кои ја покажуваат својата љубов, можат многу да придонесат кон развојот и среќата на своите деца. Верувале или не, играта со таткото може да ги направи децата интелигентни и да им помогне на многу други начини. Ова се неколку причини заради кои татковската љубов е корисна и повеќе од потребна.
Децата на татковците кои се грижат имаат поголем коефициент на интелигенција
Според студијата која Ерин Пунет ја спровела на Универзитетот „Конкордија“, татковците значително придонесуваат за когнитивниот развој на децата. И девојчињата и момчињата со грижливи татковци покажале поголем коефициент на интелигенција и помалку интернализирани проблеми. Девојките дури, кои имале грижливи татковци, покажувале помалку емоционални нарушувања и тешкотии со однесувањето во пред-адолесцентските години.
Нивните ќерки се попаметни и понаметливи
Татковците имаат многу важна улога во образованието на своите ќерки. Според истражувањата, девојките кои имаат охрабрување од своите татковци, почесто се занимаваат со професии со кои воглавно се занимаваат мажи. Освен тоа, многу професионални спортисти им оддаваат признание на своите татковци кои ги поддржувале на патот кон успехот и ја развивале нивната издржливост.
Нивните синови се држат настрана од лошо друштво
Татковците имаат значително влијание на развојот на идентитетот на детето и социјалните односи. Децата од семејства без татко имаат 3 пати поголема веројатност да станат криминалци до 30 година. Исто така, се наведува дека повеќето членови на банди произлегуваат од семејства без татко.

Нивните деца поретко се зависници од супстанци
Се проценува дека повеќето пациенти кои страдаат од злоупотреба на дрога произлегуваат од домови без татковци.
Нивните деца се емоционално поинтелигентни
Гласната расправа помешу децата и татковците е всушност корисна. Д-р Ентони Т.ДеБенедер и Лоренс Џ.Коен, веруваат дека тоа значително ја зголемува самодовербата на децата. Расправајќи се или забавувајќи се со татковците, децата учат подобро да сочувствуваат и да ги контролираат своите чувства.
Нивните деца имаат повеќе самодоверба
Децата кои имаат топол однос со татковци обично стануваат возрасни лица со самодоверба. Татковците често имаат улога на пријател и советник кој ги води своите деца на вистинскиот пат и им помага ако тоа е потребно.