Ако има една работа која ја учите во текот на животот, тоа е дека и покрај грешките кои ги правите, километрите кои ќе ги поминете, дистанцата, аргументите и недоразбирањата – вашите родители секогаш ќе бидат тука, на тоа едно место на кое знаете дека секогаш може да се вратите. И покрај сите, и покрај сè.

Свесноста за таа врата која секогаш е отворена е константа во нашите животи, дури и кога мислата за враќање предизвикува морници по вашето тело, дури и кога младите и бунтовни вие, не можете да дочекате да излезете од тие 4 ѕида за да одите и да го откриете светот. Бидејќи во тој момент, сето внимание, телефонски повици и препораки ќе ви бидат блиски. Па ќе заминете без грижење за она што го оставате позади себе – вашите родители. Бидејќи, таков е животот во суштина. Ќе го откриете тоа, но тие ќе знаат пред вас. И ќе ги задржуваат солзите и тагата пред да ви речат „збогум“, за да не ставаат товар на вашите одлуки. Потоа, патот кој ќе го поминувате со целосна брзина ќе почне да се насочува и кон серија на опасни кривини, па наместо погледот кон море кој сте го посакувале, ќе се појават бездни и клисури. И вие ќе завршите во нив. Но, дури и кога ништо нема да ви остане, повторно ќе ги имате нив. И ќе ви биде доволно едноставно да погледнете назад, помеѓу хаосот и дисбалансот на вашите замаглени денови, за да ги пронајдете нив, и тие остри и прецизни контури кои го исцртуваат профилот на вашите родители. Местото каде што и ги оставивте.

Како времето никогаш да не сопрело, тие го чекаат вашето враќање. Тогаш ќе разберете дека секогаш ќе биде така. Дури и кога брчките комплетно ќе го прелијат вашето лице, а тие очи полни со живот ќе бидат потажни заради целата исцрпеност од животот. Дури и нивната последна енергија тие ќе ја потрошат на вас. И во тој момент ќе треба да ги замолите да престанат да се грижат за вас, бидејќи вие ќе се грижите за нив. Ќе го направите тоа бидејќи тие ве научија што е љубовта и животот. Ќе го направите тоа, бидејќи никој не ве сака како вашите мајка и татко.

Автор: Илариа Бараброса

Извор



912

X