Лесли Бленд, искусна акушерка и стручен советник, специјалистот за новороденчиња Луси Шримптон, акушерката Пип Дејвис, специјалистот за бебиња Хајди Скадер, експертот за родителство Рејчел Фиц, педијатрискиот диететичар Луси Аптон, консултантот за доење Даниел Фејси, експертот за носење бебиња Верн Хили и нутриционистката Шарлот Стирлинг-Реид, ги откриваат најчестите грешки што ги прават родителите со новороденчињата и како да ги избегнат.
-Повеќето луѓе ги знаат основните работи што треба да ги прават со новороденчето – држење на главата, стоплување и менување на пелените кога се влажни. Сепак, има многу работи кои никогаш не треба да ги правите – вели експертот за новороденчиња Луси Шримптон.
Споредување со другите
Луси нагласува дека родителите треба да избегнуваат да се споредуваат со другите родители.
-Една од најважните работи е да не се чувствувате обврзани да следите туѓа рутина или распоред – вели таа.
Секое бебе е различно, а најважно е да се приспособите на потребите на вашето бебе и да им верувате на вашите инстинкти.
Виткање на бебето во ќебиња додека спие
Акушерката Пип Дејвис предупредува дека во зима, треба да избегнувате да го завиткувате вашето бебе во ќебиња, бидејќи тоа може да го зголеми ризикот од синдром на ненадејна смрт на доенчиња.
Прекумерно облекување на бебињата додека се надвор
Експертот за бебиња Верн Хил ги советува родителите да не ги прегреваат бебињата во нивните носачи.
-Не прегревајте го бебето и избегнувајте директна сончева светлина или близина на греалки и радијатори.
Пуштање на бебето „да ги вежба белите дробови“
Експертот за родители Рејчел Фиц нагласува дека бебињата не треба да се оставаат да плачат. Бебињата се целосно зависни од своите родители и плачот не треба да се игнорира.
Пушење во близина на бебето
Искусната акушерка Лесли Бланд нагласува дека родителите не треба да пушат во близина на своето бебе, ниту пак да го држат в раце веднаш по пушењето, дури и ако пушеле надвор.
Давање кравјо млеко на бебето
Нутриционистката Шарлот Стирлинг-Рид објаснува дека кравјото млеко не е погодно за бебиња под една година бидејќи не им ја обезбедува потребната исхрана.
Додавање додатоци во шишето со млеко
Шарлот советува да не го полните шишето на вашето бебе со ништо друго освен млеко бидејќи сѐ друго може да биде опасно.
Да го нарекувате вашето бебе „лош спијач“
Експертот за бебиња Хајди Скадер ги советува родителите да избегнуваат такви етикети и наместо тоа, да се фокусираат на причините за проблемите со спиењето кај нивното бебе.
Оставање на бебето само со домашни миленици
Лесли и Рејчел ги потсетуваат родителите да не се оставаат бебињата сами со животни или во бањата, дури ни за момент.

Занемарување на здравјето на цревата
Педијатрискиот диететичар Луси Аптон објаснува дека здравјето на дигестивниот систем на вашето бебе е од клучно значење за неговиот целокупен развој.
Дремка додека доите
Консултантот за лактација Даниел Фејси ги предупредува мајките за ризиците од спиење на небезбедни површини додека дојат.
Игнорирање болка при доење
Даниел, исто така, ги советува мајките дека доењето не треба да предизвикува болка и да побараат помош доколку тоа се случува.