Воспитување

Градинките не плаќаат индустриска струја, па со домаќинско работење ќе имаат пари за зимата, вели Тренчевска


Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска во Штип изјави дека доколку градинките работат домаќински, ќе имаат средства добро да ја менаџираат зимската сезона.

– Градинките плаќаат електрична енергија како домаќинствата, значи не плаќаат индустриска струја. Обврска на МТСП е да обезбедува блок-дотации за платите на сите вработени во градинките и дел за материјалните трошоци, а за другото, обврските се на основачот, значи на Општината. Општината е таа што треба да се грижи за трошоците, а дополнително градинката има и сопствена сметка од средствата што ги уплатуваат родителите на децата во градинката, така што со домаќинско работење мислам дека ќе имаат пари за да изменаџираат добро во текот на зимската сезона – нагласи Тренчевска, одговарајќи на новинарско прашање околу тоа дали се подготвени градинките за претстојната зимска сезона со оглед на состојбата со енергетската криза.

На новинарско прашање дали ќе се направат корекции на цените за градинките, таа одговори дека за тоа одлучуваат општините, односно советите на општините.

Извор: МИА

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top