По седум месеци пауза денес градинките во Македонија ги отвораат вратите и треба да згрижат 14.555 деца, чии родители мора да одат на работа. Работата на градинките ќе се одвива според посебни протоколи за децата и за вработените.

Воспитните групи за деца до 2 годишна возраст мора да имаат максимум по 6 деца и двајца вработени во смена.
Воспитните групи за деца од З до 10 годишна возраст да имаат максимум по 15 деца и двајца вработени во смена.

Родителите при носење на децата во градинка задолжително да имаат заштитна маска. Тие треба да го почитуваат утврденото време за носење на детето во установата, како и просторната дистанца при предавање и земање на детето. Носењето и земањето на детето од градинка да го врши само еден родител, освен во исклучителни ситуации со најава да биде друго лице. Доколку родителот забележи појава на симптоми кај детето (зголемена температура, повраќање или пролив и др.) да не го носи детето во градинка и веднаш да се консултира со лекар.

Секој вработен мора да носи задолжително лична заштитна опрема (маска) кога е на работно место. Предвидено е често миење на рацете и посебно внимание да се посвети на потребата од засилени хигиенски мерки во случај на миење, хранење, држење во рацете на децата. При јадење не дозволувајте децата да споделуваат храна едни со други.



912

X