Елена Трајкова, логопед

Елена Трајкова, логопед

elena.trajkova27@gmail.com

Повеќе од авторот

Аутизам е состојба кога децата имаат нарушување во невролошкиот развој, а со тоа имаат и намалени способности за комуникација и социјализација. Во однесувањето се забележуваат ограничени и повторувачки стереотипни форми. Сите овие знаци се јавуваат пред 3-тата година од животот, а родителите можат да ги забележат симптомите околу 2-та година.
Симптомите се појавуваат постепено, но има и такви случаи на деца кои најпрво се развивале нормално, а потоа почнал да се уназадува развојот.

Говорот кај децата со аутизам се развива така што почнуваат да испуштаат гласови кои се крути, силни и невообичаени. Гласовите не познаваат модулација во текот на разговорот. Повеќето од тие гласови се неартикулирани и нема цел кон кого се упатени, наликуваат на игра за самото себе.
Кај поголемиот број деца говорот е стереотипен, и по форма и по содржина. Знаат да повторуваат едни исти зборови, кои се главно кратки и лесни. Зборовите што ги испуштаат како да опишуваат некоја активност или како да имитираат некого…

Зборовите ги изговараат со повишен тон или со изедначен тон, во зависност од тоа како ја доживуваат ситуацијата. Обично сакаат сами да се внесат во некоја своја замислена ситуација, сами да бидат во просторот, не барајќи друштво.
Децата што имаат аутизам повторуваат реченици, едни исти, и по повеќе пати, не следејќи го со поглед соговорникот, не се доволно засегнати да гледаат в очи кога зборуваат и не забележуваат дали некој гледа во нив.

Гледано во целина, овие деца не сакаат да зборуваат и се плашат да зборуваат, упорно настојуваат да избегнат каква било ситуација или настан каде што има говор.
Не сакаат да се приврзат со некои луѓе, на пр., баба, дедо, тетка, чичко.., но бараат да бидат во присуство на своите мајка и татко бидејќи знаат дека се сигурни и заштитени.
Детето преферира да се прилепи и доближи до мајката, бара да се гали со неа.
Може и да ѝ каже нешто на својата мајка, упатено кон неа, но и тоа кажување повеќе наликува на шепот, тивко и нечујно за никој друг да не може да го слушне…

Родителите треба да бидат доволно блиску до своето дете и да не го оставаат само, да не се осамува. Постојано треба да му зборуваат и да го анимираат за да му биде интересно. Потребно е многу зборување и богата вербална комуникација…

Иако детето ќе дава слика дека не е заинтересирано и одбива да гледа в очи, сепак родителите не треба да се обесхрабрат, туку секојпат да бидат тука за своето дете и да му зборуваат.

Совет: Овие деца бараат да бидат во друштво со други деца, не треба да се изолираат и осамуваат, треба да бидат прифатени од другите деца и така во игра да добиваат големи говорни стимулации.

Се поставува прашањето каде да се обратат родителите чии деца имаат тешкотии во говорот?
Секако, ЈЗУ Завод за рехабилитација на слух, говор и глас – Скопје ги опфаќа сите деца што имаат проблеми во говорот.



912

X