Голем дел од возрасните сметаат дека не е важно ако нивните деца имаат шуплина во забите
Родителите чекаат да им излезат сите млечни заби на децата за да ги однесат на стоматолог.
– Постои заблуда дека бебешките заби не се важни. Но вистината е дека тие се од суштинско значење за говорот, структурата на лицето и за чување на просторот за трајните заби. Ако има шуплина, тогаш таа може да доведе до инфекција, непријатност и потенцијално оштетување на забите – вели Нуре Вајтли, клинички доктор.
– Родителите не можат да го пронајдат соодветниот совет за оралното здравје на децата, па затоа е најдобро да се обратат на стоматолог. Помагањето на децата за создавање добра техника за миење на забите може да придонесе цел живот да имаат добра орална хигиена.
Совети за добра орална хигиена кај децата:
– Однесете го детето на стоматолог штом ќе се појави првиот заб.
– Дајте му студена вода или студено млеко пред спиење, ако му е потребна течност.
– Поттикнете го детето да го плукне вишокот паста за заби откако ќе ги измие забите.
– Користете тајмер за вашето дете да ги мие забите две минути.
– Детето треба да ги мие забите двапати на ден, пред да си легне и најмалку уште еднаш во текот на денот.
– Секогаш проверувајте го нивото на флуорид во пастата за заби што ја купувате за вашето дете.