Игротека

„Голема новогодишна вселенска авантура“ на 22 декември на јутјуб-каналот на Биби

„Голема новогодишна вселенска авантура“ на 22 декември на јутјуб-каналот на Биби

Зази е тажен на пречекот на Новата година? Дали некој знае зошто? На 22 декември во 19 часот на јутјуб-каналот на Биби ќе дознаеме. Ќе научиме и многу нови возбудливи работи во најновата сказна на Биби – „Голема новогодишна вселенска бајка“. Новата година, светкавите елки, убавите подароци се нешта на што се радуваат сите дечиња, а „Светот на Биби“ и годинава сака да им подари многу љубов.

Се сеќавате на планетата Заз и на невообичаениот Дедо Мраз од Заз, кој минатата година ги израдува Биби и Боби? Е овој дарежлив дедо повторно ќе предизвика нова возбуда кај Биби и Боби. Но, повеќе од авантурата ќе откриете во сказната, која знаеме дека со нетрпение ја очекувате.

Сказната ја напиша Билјана Црвенковска, арт-директор е Михајло Димитриевски – Тхе Мичо, режисер е Гоце Цветановски, а гласовите ги позајмија Слаѓана Вујошевиќ и Сашко Коцев.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top