Светскиот ден на спиењето се слави секоја година со цел да се информира пошироката и стручната јавност за влијанието на добриот сон врз здравјето.
Одбележувањето на овој ден кај нас го започна Дормео со цел да едуцира, да сподели искуства и информации за важноста на спиењето врз доброто здравје и благосостојба на секој поединец.
Квалитетниот сон е незаменлив фактор за физичко и ментално здравје, но е и привилегија која во моментов е загрозена од навиките и ритамот на модерниот живот.
Проблемите со спиењето претставуваат глобална епидемија која го загрозува здравјето и квалитетот на животот на 45 % од светската популација. Долгорочните ефекти од недостигот на сон се поврзани со многубројни болести и негативни здравствени исходи, зголемување на телесната тежина, дијабетес, метаболички нарушувања, воспаленија, кардиоваскуларни болести, ослабен имунитет, но и нарушувања на менталното здравје, како склоност кон депресија, анксиозност и психоза.
Затоа Дормео, под слоганот „Време е! Наспиј се со Дормео“ во рамките на Дормео деновите на спиење, освен што се фокусира на главните теми околу подобрување на сонот и воспоставување здрави навики за спиење, безбедна и чиста средина за спиење, целосни решенија за удобен сон и производите со попусти до 70 % што може до помогнат во тоа, сака и преку многубројни соработки, дебати, предавања и настани да ги привлече и возрасните, но и децата за идејата дека добриот сон е есенцијалната алка за добро, општо здравје.

Затоа, на 26 април, сабота, во „Ист гејт мол“, Дормео организира голема забава, сонувалница и работилница. Ќе присуствуваат детските писателки Ана Јовковска и Ана Голејшка, со чии приказни ќе учиме како да изградиме читачки навики пред спиење, рутина која помага секое дете да се смири, да се опушти и да сфати дека е време за спиење, но и да „отплови“ во сосема поинаков свет каде што ќе може да се опушти пред да заспие.
Концерт-мајстор ќе биде шармантниот Марко Марк, со кого посетителите ќе може да се забавуваат, да се натпреваруваат во местење постелнина и да си обезбедат одлични Дормео награди. Денс-спектакл ќе приредат најнаградуваните и најтрофејните Денсерс јунајтед, кои ќе ни покажат како малите луѓе сонуваат големи соништа!
Настанот ќе се одржи в сабота, на 26.4.2025, во „Ист гејт мол“, на приземје (коридор Fashion Avenue) од 13 до 15 часот.
(Комерцијална објава)