Новак Ѓоковиќ гостуваше во емисијата „Вечер со Иван Ивановиќ“, каде што се осврна на воспитувањето на децата.

– Од Јелена Генчиќ научив зошто е важно да слушаш класична музика, да читаш книги. Денешната генерација има многу повеќе предизвици. Порано немаше социјални мрежи, а сега децата само гледаат во телефоните. Сега живееме во дигитална ера, технолошкиот развој е неверојатен, моите деца сè уште немаат телефони, јас и жена ми се бориме со тоа. Тие се жалат и велат дека сите имаат. Не е лесно, а тоа се одразува и на други нивоа. Ако секој прави нешто, стадото прави вака, треба да следиш. Па, не мора да биде баш така. Тука мислам дека се разликуваме од другите, бидејќи сме своеглави и на позитивен, и на негативен начин – рече Ѓоковиќ.

Извор



912

X