Ворен Макензи од Северна Каролина вели дека таа и нејзиниот сопруг се надеваат дека нивното прво дете ќе биде скорпија, како нејзиниот татко. Тие престанаа да користи контрацепција кога беа на прагот да зачнат дете во знакот скорпија, но нивната ќерка се роди предвреме, во знакот вага.
– За следното дете, ги одложивме обидите за еден месец, надевајќи се дека ќе го избегнеме хороскопскиот знак риби, знак со кој не се согласуваме – вели Ворен.
И успеале. Нивниот син е водолија, како и неговата мајка. Некои луѓе се обраќаат кон астрологијата за да ја надминат вознемиреноста и неизвесноста од раѓањето на новата личност.
– Идните родители се под голем стрес. Тие сакаат да обезбедат најдобар исход за своето дете, но чувствуваат дека многу работи не се во нивна контрола – вели Ајана Вилард, предавач по психологија на Универзитетот „Брунел“ во Лондон, која ја истражува културната еволуција на религијата и натприродните верувања.
Бидејќи е тешко да се предвиди плодноста, родителите генерално не се стремат кон еден одреден знак, туку навиваат бебето да се роди во еден, а не во друг знак.
– Требаше да родам лав или девица. Направив сѐ што можев за да почнам да се породувам и да родам лав – вели истражувачката Кимберли Милер.
Таа пораснала со мајка девица и се надевала дека ќе има малку поопуштено дете. Имено, девиците се сметаат за опсесивни перфекционисти. Милер станувала нервозна кога се приближувал терминот за породување. Детето како да не сакаше да се роди во сезоната на лав.

– Луѓето ме советуваа да јадам салати, видовита пријателка која е будист ми пееше за да го предизвика породувањето.. И покрај сите напори, родив горда девица, денес прилично студена тинејџерка – продолжува Милер.
Дури и ако луѓето се скептични кон астрологијата, некои го земаат тоа предвид кога размислуваат за своите деца, за секој случај. Барбара Ванденбург вели дека ако некогаш одлучи да забремени, ќе се потруди да не роди девица.
– Не можам да кажам дека сите девици што ги познавам ме прават нервозна, но тоа е како да живеам во паралелен свет до кој не можам да пристапам или да го разберам. Не сум религиозна, не верувам во духови, мислам дека за повеќето работи има рационално објаснување, рационално, земајќи ги предвид доказите – девиците ми одат на нерви во поголем процент од другите знаци – вели Вандебург.
Клер Комсток-Геј, позната како астрологот Мадам Клервојант, вели дека надежта за одреден знак не мора да им даде на родителите чувство на контрола и резултати на кои се надеваат.
– Не се сите лавови драматични, не сите девици се уредни и така натаму. На децата може да им биде доволно тешко да го разберат и потврдат својот идентитет и не им требаат возрасните да се обидуваат да ги предвидат со знаци – вели таа.
– Сите 12 знаци се апсолутно прекрасни. Ниту еден знак не е подобар од друг. Астрологијата е само за забава, а мислењето на лекарот секогаш треба да биде на прво место – вели астрологот Анабел Гет.