Игротека

Го срушил рекордот во трчање полумаратон туркајќи количка со своите пет деца

Татко на петорка постави сосема нов Гинисов рекорд во полумаратонско трчање додека турка количка со пет деца. Чад Кемпел е татко на Габриел, Грејсон, Линколн, Ноел и Престон Кемпел, а минатиот викенд го собори рекордот на маратонот во Оукленд.

– Јас сум првиот човек што го направи тоа – изјави Кемпел.

Тој ја завршил трката за 2 часа и 19 минути, далеку под планираното време, со што обезбеди рекорд.

– Децата ми велеа да трчам побрзо, а јас умирав и се препотував. Заборавив колку е тешко тоа, особено кога одам на угорница – вели тој.

Ова беше втор обид на Кемпел да го собори овој специфичен рекорд, а тој го држи и рекордот во трчање маратон со туркање пет деца во количка, подвиг што му успеа на маратонот „Модесто“ во 2019 година кога неговите деца сè уште беа бебиња.

– Трчањето е мојот антидепресив, моето бегство. Секоја емоција ја врзувам со трчањето. Кога станав татко на пет деца, не очекував да соборувам рекорди со нив, но така испадна – изјави тогаш тој.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top