Игротека

Го прошетала цел свет носејќи го синот на грб

Австралијката Ники Антрам со години патува низ светот со својот син Џими. 43-годишната Ники го родила Џими кога имала 17 години, а досега посетиле многу делови од Австралија и биле на Хаваи и Бали.

Џими е роден со физички и ментален хендикеп. Ослепел кога имал два месеца и му треба секојдневна помош. Кога Ники го родила Џими, си ветила дека ќе му го даде најдобриот можен живот. Ники често го носи Џими на грб за време на патувањата за да му овозможи да има многу авантури.

Таа знае дека носењето на Џими на грб со текот на времето ќе станува сè потешко. Има и инвалидска количка што понекогаш ја користи, а Ники му помага на синот сам да направи неколку чекори.

– Кога го планирам нашето големо патување, секогаш внимавам да имам доволно пелени, облека, па дури и перници, постелнина итн. Планирам сè однапред и го најавувам нашето пристигнување каде и да одиме, од ресторани, хотели до разни авантури. Дури и ако знам дека сè ќе биде во ред, сакам да го известам сместувањето за нас за да бидам сигурна дека дека сè ќе помине добро – вели таа.

Џими досега јавал на коњ, се возел со санка, пливал со делфини.

Таа испланирала нивната следна авантура да биде во Канада, но пандемијата ја спречила да го реализира тоа. Тие во моментов шетаат низ Австралија, поради ковид-мерките.

– Среќна сум затоа што Џими има слични интереси како мене. И двајцата уживаме во природата, водата, авантурите. Би стоеле надвор цела ноќ бидејќи и тој сака да се забавува. Наоѓам начини да му обезбедам добар живот. Поголемиот дел од времето најмногу ужива во наједноставните работи – вели таа.

– Тој е мојата инспирација. Секогаш е среќен и насмеан. Понекогаш се прашувам како можам да бидам тажна кога го гледам толку насмеан иако никогаш не видел бои, облаци, виножито… Сигурна сум дека има визија во својот ум за тоа како изгледам – додаде таа.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top